Thursday, May 11, 2017

Џуџест пинч

Џуџестиот пинч,познат како Min Pin е германска кучешка раса која спаѓа во групата на џуџести раси (S).Има варијација во бојата на крзното која може да биде црна,црвена,чоколадна итн.Нормалната тежина се движи од 3,6 до 4,5 кг а висина 25-28 цм.Многу се темпераментни и препорачливи се за сопственици со поголемо искуство за кучиња.Џуџестиот пинч исто така наликува на доберман и е понекогаш наречен "King of Toys",односно Крал на Играчките.

Јоркширски Териер

Јоркширскиот териер е пронајден во Yorkshire,England од каде што потекнува и самото име на расата.Moже да достигне тежина до 15кг.Расата е одлична и е препорачлива за луѓе кои имаат алергии.

Бигл


Биглот е вид ловџиско куче кое се користи за ловење диви зајци.Истотака е добро милениче во домашни услови,поради малите шанси за здравствени проблеми и доброто однесување како и малиот раст.Биглот е многу интелигентно куче,но размислува едноумно.Мажјаците можат да достигнат тежина од 10.0-11.3кг а женките од 9.1-10.4 додека висината е еднаква кај двата пола,од 33-41цм.

Австралиски Овчар


Австралискиот овчар потекнува од западните делови на Соединетите Американски Држави,уште од 19ти век.Тие се многу паметни кучиња и се многу лесни за дресирање.Многу се лојални.Можно е да имаат некои здравствени проблеми како што се слабост на видот.Мажјаците можат да достигнат тежина од 23-29кг и висина од 51-58цм, додека женките можат да достигнат тежина од 14-20кг и висина од 43-53цм.